Милевски: Барам максимална ангажираност, сите натпревари се значајни

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни меча во Анталија, Турција. На 22 март Македонија ќе игра со Молдавија, а три дена подоцна со Црна Гора.

Селекторот Благоја Милевски, кој вчера го објави списокот со 28 фудбалери, во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, потенцира дека ќе бара максимална ангажираност како на тренинизите, така и на мечевите.

– По подолг период ќе имаме собир на репрезентацијата, но тоа не зависеше од нас туку од календарот на УЕФА. Мечевите со Молдавија и со Црна Гора ни се значајни како подготовка за наредните квалификации. Станува збор за две квалитетни селекции. Ќе имаме можност да видиме до каде сме со формата на играчите и да подготвиме соодветна тактика за наредните официјални мечеви, изјави Милевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО