Напаѓачот на Баерн Mинхен и на германската репрезентација, Томас Милер, најави дека сака да ја заврши кариерата следната година кога ќе му истече договорот со Баварците, пренесе магазинот „Кикер“.
Според изворот, тимот од Минхен не сака да се откаже од услугите на Милер и е подготвен да му понуди да работи во клубот.
Раководството на Баерн, во Милер (34) кој настапува зa клубот од 2007 година, гледа иден тренер на една од младинските селекции.