ЦСКА Москва му даде отказ на Емил Рајковиќ

Македонскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ доби отказ на тренерското место во руска ЦСКА Москва, тимот што го предводеше од летото 2022 година.

Рајковиќ во изјавата по завршувањето на соработката со ЦСКА им се заблагодари на раководството на клубот, играчите и на навивачите, и изрази надеж дека московјани ќе ја освојат титулата во ВТБ лигата.

– Би сакал да изразам голема благодарност до кошаркарскиот клуб ЦСКА и до неговиот претседател, Андреј Ватутин за постојаната, конструктивна соработка и за довербата што ми ја укажаа, благодарение на што предводев еден од најуспешните тимови во историјата на европската кошарка.

Во текот на овие две години имавме многу победи и голем број пријатни моменти кои ќе останат во моето сеќавање. Им се заблагодарувам на мојот персонал, на играчите и, не помалку важно, на навивачите на ЦСКА, кои секогаш не’ поддржуваа на секој натпревар. Искрено се надевам дека смената на тренерот ќе го поттикне тимот, кој со враќањето на Каспер Вер ќе ја постигне целта и ќе ја освои титулата, истакна Рајковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО