Томас Милер кој остави посебен печат во селекцијата на Германија, одлучил да ги заврши настапите во дресот на „панцирите“, тврди весникот –„Билд“.
Тоа значи дека легендата на германскиот фудбал последниот меч го одигра против Шпанија во четврт-финалето на УЕФА ЕУРО 2024. 34-годишниот ветеран во репрезентативната кариера има 131 меч и 45 голови.
Милер дебитираше за националниот тим во 2010 година кога на пријателски меч Германија загуби од Аргентина.