Куман максимално го респектира колегата од Англија

Селекторите, Роналд Куман и Герет Саутгејт, денеска ќе имаат пресметка во полу-финалето на Европското првенство. Нивните селекции, Холандија и Англија, ќе борат за влез во големото финале.

– Двајцата сме искусни но, Герет е многу подолго со селекцијата на Англија отколку јас со Холандија. Ги победивме Англичаните пред четири-пет години во полуфиналето на Лигата на нации Да се надеваме дека ќе победиме и сега, изјави Куман за УЕФА.

Мечот меѓу „лалињата“ и „Гордиот Албион“ ќе биде одигран денеска од 21.00 часот на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО