Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао најави дека е подготвен за нов чекор во кариерата и дека летово би можел да стави крај на својата шестгодишна авантура во Милан.
Леао пристигна во редовите на „росонерите“ во 2019 година и оттогаш одигра 291 натпревар во сите конкуренции, притоа постигнувајќи 80 голови.
Според информациите на италијанските медиуми, за потписот на 26-годишниот фудбалер сериозен интерес покажуваат клубови од Шпанија, Англија, како и неколку екипи од Саудиска Арабија.