Милан го откупи договорот на Хименез од Реал (М)

Бекот на Реал Мадрид, Алехандро Хименез, кој игра како позајмен за Милан, ќе се пресели во италијанскиот клуб со перманентен договор ова лето.

Милан постигна договор со Реал Мадрид за трансферот на 18-годишниот шпански дефанзивец. „Кралевите“ ќе добијатз околу 5 милиони евра за договорот, кој вклучува и клаузула со која Реал Мадрид ќе има право на откуп.

Сезонава Хименез одигра 22 натпревари за „росонерите“, реализирајќи две асистенции. Претходно, Шпанецот настапуваше во младинските екипи на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО