(ФОТО) Случајно откриено- еве со какви казни се соочуваат Трајковски и соиграчите во Хајдук

Хајдук ги започна подготовките за продолжението на сезоната. Додека Лукша Јакобушиќ им држеше говор на играчите на Хајдук на почетокот на подготовките, зад него во видеото на Хајдук Дигитал се гледаше тркало со казни.

Така, беше откриено дека за помали дисциплински прекршоци, играчот го врти тркалото на несреќата и ја дознава својата казна.

екои од казните се: дружење со навивачите во фан шоп еден час, чистење на копачките три дена, миење три автомобили, пеење три песни, тренинг во розова облека, чистење на масите после јадење, плаќање на кино за целиот тим, доставување храна за целиот тим, купување повеќе од 100 шампони…

Претходно Јакобушиќ во новогодишната емисија откри дека најдобриот играч на клубот Марко Ливаја има посебна клаузула во договорот – плаќа 1.000 евра казна доколку не одговори на телефонскиот повик на претседателот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО