Напаѓачот на Интер Мајами, Аргентинецот Лионел Меси, нема да игра против Њујорк сити, во натпреварот од регуларната сезона во американската МЛС лига. Меси (36) веќе ги пропушти натпреварите против ДЦ Јунајтед (3:1) и Њујорк Ред бул (0:4).
– Лео работи со физиотерапевти и е надвор од групата за мечот викендов. Тој нема да биде спремен, но се обидуваме да направиме се’ што е можно за да може да игра на домашен терен, следната среда против Монтереј, изјави членот на Стручниот штаб на Интер Мајами, Хавиер Моралес.
Сезонава Меси одигра пет натпревари во сите натпреварувања, постигна пет гола и двапати асистираше.