(ВИДЕО) Меси му намести гол на Мартинез и се доближи до историски рекорд

Аргентина го совлада Перу во Буенос Аирес со 1:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство (СП) 2026 и со тоа ја сочува комотната предност од пет бода на првото место.

Отпорот на Перуанците го скрши Лаутаро Мартинез со одличен гол во 55. минута. Напаѓачот на Интер постигна гол со фантастични полуножички по еден продор и асистенција на Лионел Меси.


Легендарниот, 37-годишен капитен во свој стил ја измеша одбраната на Перу и испрати брилијантен центаршут што Мартинез го претвори во гол. На 191-от  настап за националниот тим, Меси ја забележа 58-та асистенција.

Со тоа Меси се израмни со Американецот, Лендон Донован на првото место на листата на најдобри асистенти во историјата на националниот фудбал воопшто. Покрај 58-те асистенции, Меси постигна и 112 голови за Аргентина.

Бразил и Уругвај ремизираа (1:1) во Салвадор, во бразилската држава Баија. Бразилците продолжија со слабите резултати во овој квалификациски циклус, со 18 бода се на петтото место и пет бода пред седмото место во дополнителните квалификации, и нивниот пласман на СП не би требало да биде доведен во прашање.


Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде го доведе второпласираниот Уругвај во водство во 55. минута, а Жерсон од Фламенго израмни за Бразил седум минути подоцна.


На останатите натпревари Еквадор победи на гостувањето кај Колумбија со 1:0 на и скокна на петтото место, додека Чиле ја победи Венецуела со 4:2.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО