Боречкиот клуб „Спартак“ – Кочани в сабота, 13 декември, во Спортската сала кај Гимназијата го организира 25-от Меѓународен турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, оваа година во чест на жртвите од трагедијата од 16 март, во спомен на кочанските ангели.
На меморијалот ќе настапат борачи од Македонија, Бугарија и Албаниј во машка и женска конкуренција, на возраст од 11 до 17 години.
Првите борби започнуваат во 10 ч., свеченото отворање е во 14 ч. Финалните борби и прогласувањето на победниците е закажано во 15 ч.
Годинава кочанскиот боречки клуб „Спартак“, клубски европски вицешампион во 1976 – та, одбележува 65 години постоење.
Турнирот се организира со поддршка на Министерството за спорт, Боречката федерација на Македонија, Општина Кочани и Светската боречка федерација.
Фото: плакат БК „Спартак“
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: