Еден од најдобрите европски центри во овој милениум, Шпанецот Марк Гасол стана вториот играч во историјата на кого Мемфис гризлис му го пензионира дресот.
На церемонијата на натпреварот против Филаделфија сиксерс дресот со бројот 33 беше кренат под таванот на салата. Со тоа Гасол му се придружи на Зак Рендолф, чиј број 50, Гризлис го пензионираа во 2021 година.
Гасол, заедно со Рендолф, Мајк Конли и Тони Ален, беше јадрото на Гризлис во 2010-те, кое кулминираше со финалето на Западната конференција во 2013 година, кога беше поставен и клупскиот рекорд од 56 победи.
Таа сезона, Гасол беше прогласен за најдобар одбранбен играч во НБА, иако не беше избран во најдобрата дефанзивна петорка! Трипати беше дел од Ол-стар натпреварот (во 2012, 2015 и 2017 година), беше во првата петорка во 2015 година и во втората во 2013 година.
Врвот во НБА кариерата го достигна во 2019 година, со освојувањето на шампионската титула со Торонто репторс. Марк, кој дојде во Мемфис како замена за својот постар брат Пау и стана легенда, беше избран на драфтот во 2007 година, како 48-ми пик од ЛА Лејкерс, но остана во Европа уште една година.
Потоа во текот на сезоната неговите права од Лејкерс беа префрлени на Мемфис, како замена за братот Пау, кој шест и пол години мина во Гризлис.
Марк пристигна во Мемфис од Џирона во летото 2008 година и остана до февруари 2019-та кога Репторс го доведоа како клучен запчаник во успешната кампања за шампионската титула.
Во летото 2020 година, тој потпиша за Лејкерс, клубот кој го избра на драфтот. По една година Маек го затвори поглавјето во НБА и се врати во новата Џирона, која лично ја основа во 2014 година, завршувајќи ја таму кариерата.
Тој е еден од најдобрите кошаркари во историјата на Гризлис и нивни лидер според одиграни минути (25.917), стартови (762), слободни фрлања (2.701), скокови (5.952) и блокови (1,135), и втор според одиграните натпревари (769), поени (11.684) и асистенции (2.639).
Marc Gasol watches his jersey get lifted into the rafters in Memphis 👏 pic.twitter.com/1wWf2UzNjR
— NBA (@NBA) April 7, 2024