Меклин не го вреднува Рајс

Џејмс Меклин кој долги години го носеше дресот на репрезентацијата на Ирска, го критикуваше англискиот играч за врска на Арсенал, Деклан Рајс .

– Мислам дека Рајс е преценет. Тој не е играч од светска класа кој може да игра за која било екипа во светот. Крос ја диктира играта, Родри го прави тоа, Рајс не – вели Меклин.

Рајс кој со Англија настапува на ЕП, пред една година го напушти Вест Хем и замина во таборот на „топчиите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО