Медведев во пет сета го победи 418.тенисер на АТП листата

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако со 3:2 во сетови го совлада Тајланѓанецот Кесидит Самреи.

Медведев, петторангираниот тенисер во светот, за три часа и осум минути го победи 418. рангиран на АТП листата со 6:2, 4:6, 3:6, 6:1, 6:2.

Рускиот тенисер одлично го отвори мечот и првиот сет го доби рутински со 6:2. Сепак, Самреи успеа да направи пресврт.

Тајланѓанецот успеа да го добие вториот сет со 6:4, а потоа и третиот 6:3.

Во четвртиот сет Самреи не можеше да го следи ритамот на противникот, Медведев загуби само еден гем и се избори за петти сет. Во во последниот дел од играта доминираше тениерот од Русија, направи два брејка и го заврши мечот.

Негов следен ривал ќе биде квалификантот Лернер Тиен, кој исто така со 3:2 во сетови го совлада Камил Уго Карбели.

Првото коло на Аустралијан опен го минаа: Руне, Беретини, Фриц, Хуркач, Серундоло, Хачанов.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО