Медведев како „колатерална штета“ во Мелбурн – реприза за него од 2022 година

Данил Медведев е „колатерална штета“ на Австралија Опен, тој имаше нестварно полуфинале а потоа и финале, но на крајот остана без пехар.

Во големото финале иако водеше со 2:0 во сетови и беше на чекор до неговата најголема слава, сепак колачето на среќата на крајот се сврте против него.

Медведев загуби годинава од Јаник Синер исто како и против Рафаел Надал во 2022 година.

Рускиот тенисер одигра вкупно 31 сет на Австралија Опен, повеќе од било кој друг тенисер во историјата. Мина скоро 24 часа на терените, што е исто така рекорд на гренд слем турнирите.

– Му честитам на Јаник, играше одлично и ја заслужи победата. Три пати сум поразен во финалињата, се надевам дека ова ќе биде последен пат. За жал, немав среќа да земам трофеј, но ќе се обидам следниот пат тоа да го сторам за вас. Секогаш е тешко кога губите финале, но овде сум бил поразен и поретходно. Ќе се обидам да бидам подобар следниот пат, порача Данил Медведев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО