Како на овој човек не му снема енергија цели 27 години, за разлика од „исцедениот“ Јирген Клоп

Јирген Клоп одбележа една ера во Ливерпул, тој безмалку беше една деценија тренер на „црвените“ и може да се каже дека повеќекратко го подигна нивото и очекувањата кај навивачите од „Енфилд Роуд“.

Како бомба одекна одлуката на Јирген Клоп да го напушти Ливерпул, бидејки тоа беше преку ноќ а навивачите останаа шокирани поради таквата одлука на германскиот стратег.

Навистина, неговото доаѓање беше тивко, со ниски очекувања и не така добри финансиски можности за нови засилувања, но и покрај тоа, Клоп за неколку сезони го подигна нивото на екипата, па ги донесе двете најважни титули, домашното првенство и Лигата на шампионите.

Вкупно за девет години во Ливерпул, Клоп освои четири титули со Ливерпул, а деновиве откако објави дека заминува, како главна причина истакна дека му снемувало енергија.

На таа причина, дел од фановите на Манчестер Јунајтед го поздравија Јирген Клоп како тренер кој навистина внел некоја нова енергија во Премиер лигата и Ливерпул, а дел од нив ја исмејаа таквата причина, сметајки дека Алекс Фергусон беше скоро 27 години тренер, па немаше таква одлука во ниту еден момент, односно дека му снемало енергија за да напушти еден клуб.

За волја на вистината, Ферги е минато, тој менаџираше во една друга ера, во други услови, во друг фудбалски колорит, за разлика од денешниот поинтензивен фудбал и големи притисоци од медиумите кога не ви оди.

Често деновиве можевме да видиме коментари од навивачи на Јунајтед од типот, Ферги легенда, успеа да се задржи на клупата на еден клуб цели 27 години и да освои 38 трофеи, за разлика од Јирген Клоп, на кого по само девет години е исцеден од премиерлигашкиот фудбал, а притоа освои само четири титули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО