Медведев дивееше поради судиска одлука па испадна од Монте Карло

Русинот Данил Медведев го заврши настапот во Монте Карло. Во осминафиналето тој беше елиминиран од сонародникот, Карен Хачанов со 6:3, 7:5.

И во осминафиналето, слично како и во претходниот меч против Гаел Монфис, Медведев имаше жолчна расправија со судијата.

Медведев на мечот против Монфис му се развика на судијата и му се извини по дуелот, а против Хачанов полуде во вториот сет, поради лоша одлука на судијата при резултат 5:5.

Тоа целосно го изнервира Медведев, кој направи дупла сервис грешка, а потоа го фрли рекетот. Следуваше жесток разговор со супервизорот, поради што беше казнет со одземање на еден поен.

– Кој треба да реагира? Вчера топката беше надвор од теренот и беше прогласена за добра. Оваа топка беше надвор. Кој ќе преземе одговорност? Не е моја одговорност да ги судам натпреварите. На судијата не му требаат очила бидејќи секако ништо не може да види, негодуваше Медведев.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО