ЛК: Ефикасно во Пиреја: Олимпијакос поведе со 3:0, на крајот стравуваше за победата

Олимпијакос оствари победа во првиот четвртфинален дуел во Лигата на конференции (ЛК), против ривалите од Турција, тимот на Фенербахче, со 3:2.

„Завојуваните“ страни како што честопати ги пишуваат медиумите овие две екипи, одиграа квалитетен и ефикасен натпревар, што е уште подобра увертира за реваншот.

Олимпијакос успеа да поведе преку Фортунис, Јоветиќ и Чикињо, а Фенербахче во вториот дел постигна два гола, преку Тадиќ и Кавеци, за ублажување на поразот.

На вториот натпревар од 18.45 часот, Викторија Плзен и Фиорентина одиграа без голови 0:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО