Мбапе убедливо најплатен во Европа

Шпанската „Марка“ објави листа на фудбалски ѕвезди со најголеми примања во Европа. Најплатениот играч во петте најдобри лиги на Европа месечно заработува речиси трипати повеќе од второпласираниот фудбалер на таа престижна листа.

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе има месечна плата од дури шест милиони, а центарфорот на Баерн, Хари Кејн 2,1 милиони евра. Следува дуото на Манчестер сити, Кевин Де Брујне и Ерлинг Халанд, кои имаат слични приходи како Кејн.

Изненадувачки, дефанзивецот на Реал, Давид Алаба е на петтото место. Меѓутоа, ако се знае дека Реал го донесе од Баерн по истекот на договорот и дека не мораше да плати обештетување, тогаш ова не изненадува.

Меѓу 25-те најдобро платени фудбалери има еден Словенец и еден Србин. Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак може да се пофали со најдобрата голманска плата во Европа, која изнесува 1,67 милиони евра месечно. Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ е 23-ти на листата, со месечна плата од 1,07 милиони евра.

На листата што ја објави „Марка“ се: Килијан Мбапе (ПСЖ) шест милиони евра, Хари Кејн (Баерн) 2,1, Кевин Де Брујне (Манчестер сити) 2,02, Ерлинг Халанд (Манчестер сити) 1,9, Давид Алаба (Реал Мадрид) 1,88,

Роберт Левандовски (Барселона) 1,87, Мохамед Салах (Ливерпул) 1,77, Каземиро (Манчестер јунајтед) 1,77,  Рафаел Варан (Манчестер јунајтед) 1,72, Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) 1,67, Џуд Белингам (Реал Мадрид) 1,67,  Илкај Гундоган (Барселона) 1,67,

Јан Облак (Атлетико М.) 1,67,  Мануел Нојер (Баерн) 1,66, Томас Милер (Баерн) 1,66, Виктор Осимен (Наполи) 1,5, Кингсли Коман (Баерн) 1,42,  Серж Гнабри (Баерн) 1,42, Осман Дембеле (ПСЖ) 1,12, Маркињос (ПСЖ) 1,12, Лукас Ернандез (ПСЖ) 1,11, Милан Шкриниар (ПСЖ) 1,1, Душан Влаховиќ (Јувентус) 1,07, Војчех Шчесни (Јувентус) еден милион, 25. Џанлуиџи Донарума (ПСЖ) 849.000 евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО