Вилфред Мбапе во интервјуто за француските медиуми потенцирал дека неговиот син, Килијан, уште не знае дали ќе настапи за „триколорите“ на Олимпијадата во Париз.
– Не знам што ќе се случи бидејќи не одлучуваме само ние. Но, што и да биде, тој ќе ужива во тоа бидејќи Олимпијадата ќе се одржи тука – беа зборовите на таткото на брзоногиот фудбалер.
Неговата изјава е испровоцирана од објавата на Реал мадрид дека Мбапе доколку потпише за „кралевите“, нема да добие дозвола да игра на Олимпијадата.