Мбапе веројатно ќе биде на клупата за резерви

Француските медиуми објавија дека селекторот на „триколорите“, Дидие Дешамп, нема да го пушти од првата минута на теренот Килијан Мбапе на денешниот меч со Холандија во рамките на второто коло на ЕП.

Според француското издание –„L’Equipe“, Мбапе кој има скршеница на носот и ќе мора да носи заштитна маска на лицето ќе биде на клупата а неговото место ќе го заземе Орелиен Чуамени.

Средбата меѓу „галските петли“ и „лалињата“ ќе биде одиграна доцна вечер од 21.00 часот на стадионот во Лајпциг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО