Мбапе се консултирал со Рамос

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, побарал совет од дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос, пред да одлучи да направи трансфер во Реал Мадрид, пишува денеска весникот – „L’Equipe“.

Французинот и Шпанецот речиси две години ја делеа соблекувалната на „Паркот на принцовите“ и изградија пријателски однос. Централниот дефанзивец кој помина 16 години кај „кралевите“, му помага на Мбапе да најде и локација на која ќе претстојува во Мадрид, наведува весникот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО