Мбапе постигна гол, па се случи несекојдневен проблем со мрежата на Реал Сосиедад

Фудбалерите на ПСЖ остварија победа на гостувањето вечерва кај Реал Сосиедад и со севкупни 4:1, патуваат во четвртфиналето.

Од оваа средба има една интересна ситуација, кога при почетното водство на гостите од Париз, играта мораше да запре, со цел да реагира организаторот и да ја поправи мрежата.

Многупати жаргонски кога ќе се постигне добар гол, коментаторите знаат да кажат ја расцепка мрежата, а тоа вечерва всушност и се случи по голот на Килиан Мбапе.

Техничката служба задолжена за сите подробности на терен, мораше веднаш да реагира и да ја поправат мрежата по силниот удар на Мбапе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО