Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер по 57-ми пат успеа да ја сочува мрежата незатресена на меч во Лигата на шампиони (ЛШ), објави статистичкиот портал „Опта“.
Според „Опта“, во реванш осминафиналниот меч Баерн – Лацио 3:0, германскиот голман го повтори постигнувањето на екс-голманот на Реал Мадрид и на Порто, Икер Касилјас. Но Германецот настапил на помалку натпревари од Шпанецот, на 136 наспроти 177-те на Касилјас.
На третата позиција меѓу голманите според „чисти мрежи“ во ЛШ се наоѓа поранешниот голман на Јувентус и на ПСЖ, Италијанецот Џанлуиџи Буфон (52).
Сезонава голманот на Баерн бранеше на 22 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими 25 гола.