(ВИДЕО) Матјаж Кек: Горд сум што водам ваков тим

Португалија се пласираше во четвртфиналето на ЕП во Германија откако во осминафиналето во Франкфурт со подобро изведување пенали ја совлада Словенија со 3:0. Немаше голови во регуларните 90 минути, како и во продолженијата.

Јунак на натпреварот беше португалскиот голман Диого Коста, кој им ги одбрани првите три пенали на Јосип Иличиќ, Јуре Балковец и Бенјамин Вербич. Од друга страна Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва беа сигурни.

За Словенија пласманот во осминафиналето е најголем успех досега, бидејќи до овој турнир во трите обиди, на два Мундијала и на едно ЕП, не ја минаа групната фаза.

Словенечкиот селектор Матјаж Кек вака го коментираше крајот на натпреварувањето за неговиот тим:

– Кога ќе губите на пенали против тим како Португалија, постои одредено жалење. Поразите не се слават. Ова беше вистински натпревар со несреќен крај. Горд сум што водам момци со карактер. Околу мене е тим кој доби задоволство поради фактот што „фудбалот повторно е дома во Словенија“.

Кек (62) доби директен црвен картон пред почетокот на второто продолжение, но на тв преносот не се виде зошто италијанскиот судија Даниеле Орсато го испрати на трибината.

Причината поради која Кек беше исклучен беше неговата реакција кон судијата по крајот на првото продолжение. Кога Орсато досуди пенал за Португалија во финишот од првото продолжение, Кек влезе длабоко во теренот и имаше жестока расправија со Орсато.

Наводно, во еден момент го допрел помошникот по рамото. Не се знае што точно му рекол на судијата, но доволно Орсато да му покаже директен црвен картон.


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО