Мартинез: Само храбрите може да погрешат

Селекторот на фудбалерите на Португалија, Роберто Мартинез, застана во одбрана на младиот Жоао Феликс, кој промаши во пенал серијата на вчерашниот натпревар против Франција во 1 / 4 финалето на Европското првенство.

– Сите му помагаат на играчот кој доживува тешки момент. Во пенал рулетот грешат само најхрабрите, грешат само тие што прифаќаат да шутираат – вели Мартинез.

– Жоао имаше лоша среќа, топката ја погоди стативата. На крајот загубивме но, со гордост. Не се предадовме и нема да застанеме тука. Тимов има иднина – изјави Мартинез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО