Мартин Томовски следната сезона на голот на Потсдам

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски следната сезона ќе го брани голот на германскиот бунделсигаш Потсдам.

Овој тим на три кола до крајот на Втората Бунделига има обезбедено пласман во елитата следната сезона. Мартин Томовски има бундеслигашко искуство од Лудвигсхафен, а во Потсдам доаѓа на местото на 21-годишниот Ласе Лудвиг, кој оди во Фуксе Берлин.

– Со нетрпение очекувам да заиграм за Постдам и по вторпат во најсилната лига во светот. Поискусен, постар и подобар од првиот пат во Германија. Задоволство е да се биде дел од Постдам, тим составен од млади и квалитетни ракометари. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе да ги оствариме сите амбиции и цели заедно со тимот, изјави Томовски за клупскиот сајт.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО