Дариуш Томпсон ќе игра за Италија

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Американецот, Дариуш Томпсон, доби италијански пасош. Сопругата на Томпсон, Кјара Пацифико Томпсон, напиша дека играчот ја имал „првата насмевка на лицето како официјален италијански државјанин“.

Кошаркарската федерација на Италија долго време беше заинтересирана да го има Томпсон како натурализиран играч, но неговите документи не беа навреме подготвени за да настапи на Светското првенство (СП) 2023 година.

Но и покрај позитивниот развој на работите, се’ уште е нејасно дали Томпсон ќе може да игра за Италија летово во Олимписките квалификации.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО