Марсело Галјардо се врати на кормилото на Ривер плата

Ривер плата повторно ќе се обиде да го освои Копа Либертадорес бидејќи „тоа е сон на сите“, изјави во понеделникот тренерот, Марсело Галјардо по враќањето во јужноамериканскиот гигант.

Галјардо по втор пат ќе ја предводи Ривер плата, по првиот пат, од 2014 до 2022 година, или осум и пол години. Во овој период, тој освои 14 титули, вклучувајќи го и Копа Либертадорес двапати, во 2015 и 2018 година.

– Главната цел што си ја поставив е да се борам за се’ што е пред нас и пред се’ да се фокусираме на најпрестижниот турнир, Копа Либертадорес.

Тоа е сон на сите, повторно да бидеме шампиони на Јужна Америка. Ќе дадеме се’ за да бидеме повторно водечка екипа и секако да го освоиме трофејот, рече Галјардо на претставувањето на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО