Мароканскиот атлетичар, Софијан Ел Бакали го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) на 3.000 метри, стиплчез и го повтори успехот од Токио 2021-та.
Во одлична завршница во последните 400 метри, Мароканецот уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите во светот во оваа дисциплина во моментов.
Тој делницата ја истрча за 8:06,05 минути, на втората позиција заврши Кенет Рукс од САД, кој водеше до пред крајот со време од 08:06,41, а трет беше Абрахам Кибивот од Кенија (8:06,47) кому ми припадна бронзениот медал.