Болна повреда на фудбалерот на Сити: Играчите од Манчестер се фаќаа за глава по таква глетка

Пласманот во четвртфиналето за Манчестер Сити помина со една бизарна повреда на еден нивни фудбалер синоќа.

Португалскиот играч Матеуш Нуњез ќе го сеќава долго натпреварот против Копенхаген на „Етихад“ поради тоа што заработи бизарна и болна повреда, односно страотна фрактура на прстот.

Несреќниот Нуњез го скрши средниот прст на левата рака, а тој прст шокантно му висеше. Лицата на неговите соиграчи доволно зборуваа за таа ситуација, па едноставно неможеа да веруваат што гледаат.

Се разбира со таква повреда не можеше да го продолжи натпреварот, па Пеп во 75. минута направи измена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО