Мареј сака да игра во Париз и да го освои третото олимписко злато!

Шкотскиот тенисер Енди Мареј (36) и покрај слабата форма во која се наоѓа, се надева дека ќе обезбеди настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, каде што ќе се обиде да го освои третиот златен олимписки медал.

– Се надевам дека ќе имам шанса да настапам на уште едни Олимписки игри, одговори Мареј на „Би-би-си Радио 4“, на прашањето дали ќе игра во Париз.

Трикратниот грен-слем победник освои злато на Игрите во Лондон 2012 и во Рио де Жанеиро 2016 година. Но постои опасност да ги пропушти квалификациите за турнирото во Париз доколку продолжи да паѓа на ранг-листата.

Мареј кој е единствениот тенисер што освоил две олимписки злата во поединечна конкуренција, моментално е на 67-то место на АТП листата, навестува дека наскоро би можел да ја заврши кариерата.

Се претпоставува дека целта на Мареј ќе биде играње на грен-слем турнирот на Вимблдон, што според многумина би можело да биде логично место за него да објави и да ја заврши кариерата.

– Кога ќе дојде вистинското време, веројатно ќе кажам нешто пред да го одиграм последниот натпревар и последниот турнир. Не можам да кажам ништо одредено месеци однапред, рече Мареј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО