Македонија го загуби и вториот меч од Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Кирил Изов, претрпе уште еден пораз од селекцијата на Грузија, 0:1, во вториот пријателски меч во Тбилиси. Во првиот натпревар Грузијките победија со 3:0.

Според информациите на интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), тоа бил добар натпревар, со многу трчање и борбеност.

Македонија имала неколку добри прилики за постигнување на погодок, но изостанала реализацијата. Грузија единствениот погодок го постигнала преку Татуашвили во 17. минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО