Манчестер сити сака во јануари да ја активира клаузулата за Семењо – Пеп добива ново напаѓачко оружје?

Манчестер сити подготвува сериозен трансфер-потег во јануарскиот преоден рок и е подготвен да ја активира клаузулата во договорот на Антоан Семењо, јавуваат англиските медиуми.

Фудбалерот на Борнмут игра во одлична форма оваа сезона и со своите настапи го привлече вниманието на шампионот на Англија. Според информациите, клаузулата во неговиот договор изнесува околу 65 милиони фунти, сума која „граѓаните“ се подготвени да ја платат за да го донесат офанзивецот уште во јануари.

Семењо важи за еден од најексплозивните напаѓачи во Премиер лигата, фудбалер кој се одликува со брзина, физичка моќ и директност во нападот, а токму таков профил му е потребен на Пеп Гвардиола за освежување на офанзивната линија.

Борнмут, од друга страна, тешко дека ќе може да го задржи својот најдобар играч доколку Сити ја активира клаузулата, иако клубот не крие дека не сака да се раздели со својата ѕвезда на сред сезона.

Интерес за Семењо покажуваат и уште неколку европски гиганти, но Манчестер сити засега е најконкретен и најблиску до реализација на трансферот.

Јануари ќе донесе одговор дали „граѓаните“ навистина ќе тргнат по овој скап потпис и дали Семењо ќе направи голем чекор во кариерата со преселба на „Етихад“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО