Анчелоти потврди: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти, официјално потврди дека младиот бисер Естевао ќе биде дел од „селесао“ на претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека талентот на офанзивецот е нешто посебно.

– Мислам дека Естевао ќе игра на Светското првенство. Тој е многу, многу посебен фудбалер, изјави Анчелоти, со што практично стави крај на сите дилеми околу статусот на младиот напаѓач во националниот тим.

Естевао, кој уште како тинејџер го привлече вниманието на европските гиганти, со своите блескави партiiи покажа дека е подготвен за најголемата светска сцена. Неговата брзина, техника и фудбалска интуиција му донесоа статус на еден од најголемите бразилски таленти во новата генерација.

Анчелоти истакна дека со вакви млади фудбалери Бразил ја гради иднината, додавајќи дека Естевао веќе покажал зрелост која не е типична за неговите години.

Бразил веќе го обезбеди своето место на Мундијалот, а со потврдата дека Естевао ќе биде дел од тимот, навивачите со нетрпение го очекуваат настапот на новата ѕвезда во жолто-зелениот дрес на најголемиот фудбалски настан во светот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО