Англискиот шампион Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на една од своите големи ѕвезди Фил Фоден. „Сан“ тврди дека „граѓаните“ се подготвени речиси да ја удвојат платата на англискиот репрезентативец и да го направат најплатениот британски фудбалер во историјата.
Производот на академијата на Сити моментално е со 200.000 фунти неделно, но планот е неговата плата да се зголеми на 375.000 фунти, колку што моментално добиваат само Кевин де Бруин и Ерлинг Халанд на „Етихад“.
Се очекува преговорите да започнат пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Клубот сака договорот да биде долгорочен и Фоден, кој моментално има 24 години, да го слави својот 30-ти роденден како играч на Манчестер Сити.
Англискиот крилен напаѓач имаше фантастична сезона со Манчестер Сити, што му донесе две големи индивидуални награди во Англија – играч на годината во Премиер лигата и играч на годината од Асоцијацијата на фудбалски новинари. Тој постигна вкупно 19 гола и асистираше за уште осум во Лигата.