Арсенал заинтересиран за Доминик Соланке

Англискиот тим Арсенал е заинтересиран за напаѓачот на Бурнмаут, Доминик Соланке, тврди „Дејли експрес“. Поранешниот напаѓач на Ливерпул минатата сезона постигна 19 гола и направи три асистенции и неговата амбиција по овој настап е повторно да се пресели во топ 6 клуб, покрај Арсенал, заинтересиран е и големиот ривал на „топчиите“ од северен Лондон, Тотенхем.

Неофицијално во договорот на Соланке со Бурнмаут има ослободителна клаузула која е во висина од 65 милиони фунти. Ливерпул ќе добие процент од следната продажба на напаѓачот. Клубот од „Енфилд“ го продаде Соланке на Бурнмаут во 2019 година за 19 милиони фунти. Според „Атлетик“, клубот од „Енфилд“ ќе добие околу 9 милиони при активирање на предметната клаузула од 65 милиони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО