Фудбалерите на Манчестер сити ремизираа со Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ), на гости на „Сантијаго Барнабеу“, 3:3.
„Граѓаните“ постигнаа по три гола на сите девет натпревари сезонава во ЛШ. Во групната фаза избраниците на Пеп Гвардиола ги победија Црвена Звезда (3:1 и 3:2), Лајпциг (3:1 и 3:2) и Јанг бојс (3:1 и 3:0). Во осминафиналето Сити беше подобар од Копенхаген (3:1 и 3:1).
Реваншот со Реал Мадрид ќе се одигра на 17 април, на стадионот „Етихад“. Сити е актуелен освојувач на ЛШ. Лани во финалето во Истанбул го совлада Интер со 1:0.