Владата на Велика Британија напиша писмо до претседателите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и на Параолимпискиот комитет (ПОК), изразувајќи поддршка да им се дозволи на руските и на белоруските спортист(к)и да се натпреваруваат на Летните олимписки игри (ЛОИ) и Параолимписки игри (ПОИ) во Париз како неутрални!
Спортистите од двете земји беа суспендирани по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Потоа ИОК и ПОК одлучија да им дозволат поединечно да се натпреваруваат, но без знамиња, амблеми или химнa на нивната земја.
Спортистите не смеат јавно да ја поддржуваат инвазијата на Украина или да бидат во било каква врска со војската. Спортист(к)ите не можат да настапуваат како репрезентации на своите земји. ЛОИ ќе се одржат од 26 јули до 11 август, а ПОИ од 28 август до 8 септември.