Арсенал го нема победено Баерн Минхен речиси 10 години

Лондонски Арсенал ремизираше со Баерн Минхен (2:2) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ).

Арсенал уште еднаш не успеа да го совлада Баерн. Последната победа „топчиите“ ја забележаа во октомври 2015 година, во групната фаза од ЛШ, 2:0. Потоа одиграа уште четири меча со ефект од три порази и едно реми.

Реваншот е на 17 април на арената„Алијанц“. Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе се сретне со победникот од другата четвртфинална пресметка меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО