Македонската женска ракометна репрезентација по седмипат ќе игра на завршницата на европските првенства. Нашите ракометарки денеска на убедлив наин го совладаа Азербејџан на гостински терен во Баку со 22:37 и со тоа во претпоследното коло го потврдија настапот на завршницата на ЕП кое на крајот на оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Денеска одличен настап имаше Саздовска која средбата ја заврши со 7 гола, а Ристовска заврши со 6 погодоци. Одлична беше и Коларовска со пет погодоци, додека младата Ива Младеновска постигна четири.
Македонија во последното коло ја пречекува Литванија во недела во СЦ „Борис Трајковски“ (18 часот).