Лестер во финансиска негатива поради големите плати на играчите!

Лестер пријавил загуби од 89,7 милиони фунти за сезоната 2022/23 и покрај приходите од продажбата на фудбалери за 74,8 милиони фунти, објави „Би-би-си“.

Вкупните загуби на „лисиците“ во последниве три години изнесуваат 215,3 милиони фунти што е многу повеќе од дозволените 105 милиони.

Затоа не изненадува најавата дека Лестер ќе се соочи со одземање бодови во новата сезона. Премиер лигата поради прекршување на финансискиот фер-плеј веќе им одзеде бодови на Евертон и на Нотингем форест.

Лестер стана познат како клуб кој е дарежлив во договорите и се „грижи“ за играчите и за нивните агенти. Но, колку тоа не е добро, поточно колку е лошо се гледа од финансиската состојба на клубот.

Според финансиските експерти загубата на Лестер од 89,7 милиони фунти се должи на три клучни работи. Прво, поради помалкуте пари од Премиер лигата бидејќи клубот падна од осмото на 18-то место во период од 12 месеци. Тоа резултираше со испаѓање од Премиер лигата, но и помалите приходи, за 30 до 35 милиони фунти.

Второ, недостиг на европски фудбал и трето, значајната и „скапа“ цена за отказот на Брендан Роџерс и на неговите помошници, на денешен ден, точно пред една година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО