Македонските ракометари пристигнаа во Германија и веќе одработија тренинг

Македонската машка ракометна селекција како и што беше однапред планирано, денес во раните утрински часови отпатува за Германија.

По пристигањето во Дизелдорф и сместување во хотело немаше многу време за нашите ракометари кои веднаш заминаа во сала и одржаа тренинг.

Истиот ќе биде со цел за подобра аклиматизација во пресрет на силните предизвици кои што следат на Европското првенство.

Првиот меч Македонија го игра на 10 јануари против еден од фаворитите за медал Франција и тоа на стадион пред околу 50.000 навивачи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО