Македонскиот скијач Мирко Лазарески доби четиригодишна суспензија поради позитивен допинг тест, откако претходно го пропушти настапот на Зимските олимписки игри во Италија.
Одлуката важи од 30 јануари 2026 до 29 јануари 2030 година, период во кој нема да има право на настап на официјални натпреварувања.
Лазарески има можност за жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.