Македонија со стартен пораз од Украина во квалификациите за ЕП У19

Македонската репрезентација за играчи до 19 години со пораз ги стартуваше елитните квалификации за пласман на Европското првенство, нашата селекција загуби од Украина со 0:2 (0:1).

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, при ФФМ, а гостинската селекција кој беше фаворит ја оправда улогата иако во првиот дел Македонија играше доста добри и цврсто во одбраната , па Украина дојде до водство дури во судиското надополбување на првиот дел кога најдобро се снајде Данило Кревсун, кој од петнаесетина метри упати прецизен удар за водство од 1:0 на Украина. На самиот старт на вториот дел Пономаренко зголеми на 0:2 по само три минути игра и донесе водство од два разлика за Украина.

Во последните 15 минути од натпреварот Макеоднија играше со играч помалку во поле, откако втор жолт картон заработи Анес Мелиќи. Нашиот следен противник Швајцарија во првото коло успеа да ја совлада Летонија со гол постигнат во 90.минута.Средбата меќу Македонија и Украина на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го следеше и Андри Шевченко, легендата на европскиот и светски фудбал, а во моментов прв човек на Фудбалскат федерација на Украина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО