Јувентус со сериозна казна за Влаховиќ по црвениот картон против Џенова

Јувентус ќе го казни Душан Влаховиќ со 70.000 евра за црвениот картон што го доби на мечот против Џенова (0:0) во неделата, пренесува „Газета дело Спорт“. Напаѓачот доби два жолти картони поради несогласување со одлуките на судијата и затоа беше исклучен на последниот натпревар на „бјаконерите“ во Серија А.

Тренерот Масимилијано Алегри по натпреварот изјави дека Влаховиќ ќе биде казнет, а според „Газета дело Спорт“, српскиот интернационалец ќе плати 70.000 евра, што е 5% од неговата месечна бруто плата. Влаховиќ доби суспензија од еден натпревар, па ќе го пропушти претстојниот натпревар против Лацио кој ќе биде предводен од новиот тренер Игор Тудор на стадионот „Олимпико“ во Рим по репрезентативната пауза.

Напаѓачот на Јувентус остана во Торино, па поради болки во грбот нема да игра за српската репрезентација за време на мартовската пауза. Влаховиќ дојде во Јувентус за 80 милиони евра од Фиорентина во јануари 2022 година. Тој е водечки стрелец за „бјанконерите“ оваа сезона со 15 гола на 27 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Јувентус е до јуни 2026 година

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО