Одбојкарската репрезентација ја забележа најважната победа во Златната Европска лига. Пред својата публика во Струмица „спартанците“ ја совладаа Црна Гора со 3-0 и со тоа обезбедија опстанок во одбојкарската елита.
Нашите одбојкари во поголемиот од првиот сет го имаа водството на своја страна. Никола Ѓоргиев капитенски го водеше својот тим, а нашата селекција сигурно чекореше кон водство од 1-0. Во финишот се влезе со предност на „спартанците“ од 21-19, а до крајот нашите момци на ривалот му препуштија само уште еден поен и со 25-20 поведоа во сетови.
Никола Ѓоргиев со 16 поени го предводеше тимот, следен од Александар Љафтов со 12, додека Филип Савовски запиша девет поени.