Макс Верстапен прави сензационален трансфер

Шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, не стивнуваат, иако неговиот договор со Ред бул важи до 2028 година.

Според бројни информации, во договорот постои клаузула што би можела да му овозможи предвремено заминување доколку не бидат исполнети одредени резултатски услови.

Како најсериозни негови можни дестинации се споменуваат Мерцедес и Мекларен, иако Тото Волф и Зак Браун засега тврдат дека немаат планови да го ангажираат.

На оваа тема се јави и поранешниот британски возач, Џолион Палмер, кој смета дека Џорџ Расел е идеален кандидат кој би можел да го замени Макс Верстапен во Ред бул доколку Холанѓанецот го напушти тимот по крајот на сезоната.

– Ако оди Макс во Мерцедес, Џорџ Расел во Ред бул би било очигледно. Тоа би била фантастична можност за него – изјави поранешниот британски возач.

Тој додава дека австрискиот тим мора да донесе докажано име доколку остане без својот најдобар возач.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО