Облак жали за загубените два бода

Голманот, Јан Облак, кој прими гол буквално во последната секунда на мечот со Србија на Европското првенство, вели дека неговата Словенија заслужила да ги освои трите бода.

Дуелот во рамките на 2 коло во групата „Ц“ одигран во Минхен заврши 1:1, по што двете земји останаа во трката за разигрувањето.

– Штета е затоа што бевме многу блиску до победа. Тоа е фудбалот. Игравме на многу високо ниво, но, за жал, не го задржавме резултатот – изјави Облак за сајтот на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО