Српскиот интернационалец, 27-годишниот Страхиња Павишиќ во наредниот период ќе го засили средниот ред на Македонија Ѓорче Петров.
Павишиќ оваа полусезона за Самтредија од каде што пристигна одигра 19 натпревари каде постигна 3 гола и уште 2 асистенции во сите натпреварувања на Грузија.
Покрај Самтредија овој висок дефанзивен средишен играч има настапувано и за Синѓелиќ Белград, Дубочица Лесковац, Телави и Татран Липтовски Микулас.
Претходно „лавовите“ од ѓорче ги ангажираа Алекс Златко, Крсте Велковски, Џонатан Балотели, Жилберто и шпанеот Родригез.